Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, но нема да гласа за неа, навести Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, но нема да гласа за неа, навести Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со формулацијата „треба да учествува“ практично најави дека партијата со најмногу пратеници во сегашниот собраниски состав и стожер на опозициската коалиција ќе биде дел од техничката влада за спроведување на парламентарните избори на 8 мај следната година.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада, треба да номинира свои претставници, но истовремено да се воздржи од гласањето за составот на таа влада, зошто изборот на првиот човек кој ќе ја води таа влада е спротивен од законот на кој таа техничка влада се повикува“, изјави Мицкоски во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија.

Според него, номинирањето на Талат Џафери за технички премиер е неуставно и спротивно на Законот за Влада, поради тоа што тој не е предлог на најголемата политичка партија на власт, односно на СДСМ.

За Мицкоски, принципиелен е ставот да се учествува во техничката влада, но да не се гласа за неа затоа, бидејќи потоа ќе им сугерирал на органите на партијата да предложат закон со кој техничката влада од 1 јануари 2025 година ќе замине во историјата.

To top